Радио Милева самокритичен нарцис

Карлеуша отвори душа: „Кога сум вљубена во себе и сите восхитено ми велат – никој како ти, тогаш… тоа сум јас!“

Карлеуша отвори душа: „Кога сум вљубена во себе и сите восхитено ми велат – никој како ти, тогаш… тоа сум јас!“

Српската поп-фолк пејачка одлучи дека доволно и за себе се’ и сешто да слуша, па Јелена Карлеуша реши да отвори душа и раскажа во што е тајната на нејзиниот успех, кога е исполнета, среќна, задоволна, кога е тоа – таа, а кога несреќна, тажна, скршена… Кога е, а кога ни оддалеку не е онаа Карлеуша, која ја познаваме.

„Мислам дека тајната на мојот успех е тоа што сум заљубена во себе кога сум убава, витка, затегната, посебна, кога ми се восхитуваат и кога ќе ми кажат: „никој како тебе“. Тоа е моја духовна храна, а  за таа посластица треба да се потрудам. Кога плачам, кога сум скршена, на „работ“, дебела и несреќна со себе, кога не ја гледам поентата, кога ќе му дозволам на мојот сопруг да ми ги бара мааните, а јас му верувам – тогаш, тоа не сум јас. Тогаш не се сакам себе си. Јас сум во состојба да ги преместам небото и земјата заради добра фотографија. Таа мене ми стана опсесија и хоби, особено заради Инстаграм. Фотографијата останува како сведоштво за нечиј живот, нечии фази, нечија „ера“. И сите вие сте во мојата ера, која моментално е во мојата најдобра фаза“ – изјави Јелена за „Стори“.


„Секој ден си велам –  доволно, доста е. И секој ден се премислувам. Мислам дека тајната број два што ќе ви ја откријам , а што се однесува до мојот успех, е дека сè уште многу ја сакам оваа работа. Јас го правам сето ова, исклучиво од љубов. А, кога станува збор за љубовта, нема откажување. Патем, јас сум тој тип кој, апсолутно никогаш не се откажува. И не сум мрзелива, сакам да работам, да инвестирам во себе, во продукцијата, во кариерата“ – завршува Карлеуша.

To top