Радио Милева
Горда на своите лузни

Карлеуша не срами да ги покаже: Русокосата и без фотошоп предизвика фото-шок! (ФОТО)

Карлеуша не срами да ги покаже: Русокосата и без фотошоп предизвика фото-шок! (ФОТО)

Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави уште една фотографија во необично издание, во „вонземјански“ ултра модерен комбинезон, налик на оние од научнофантастичните филмови.

Сепа она на што го фиксираа погледот мнозинството нејзини фанови и следбеници не беше моделот, туку она што под провидниот дел можеше да се забележи на стомакот на пејачката. Двете препознатливи бемки, лево и десно, по кои медиумите и ја идентификуваа веродостојноста на фотографиите од порно аферата со фудбалерот Врањеш, но и големиот рез под папокот, веднаш над венериниот брег.

Лузната на која рускосата истакна дека е мошне горда, настанала како последица на царски рез. Таа рече дека има не една , туку три. Две поради породување и третата поради отстранување на бенигден тумор.

-„Да, знам дека ме зумирате на фотографијата за да го видите мојот царски рез. Не е еден, туку се три. Два поради породување и една предизвикана од отстранување на бениген тумор. Не би имала ништо против да имам и повеќе лузни. Никогаш не ги кријам, горда сум на нив. Лузните на телото и душата не прават тоа што сме. Уникатна и единствена, една во милијарда“ – напишала Карлеуша во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

Останати вести од Радио Милева