Јелена Карлеуша реши да направи уште една промена на себе. Имено, таа линијата ја доведе до совршенство, а сега реши да ја скрати косата. Јелена не ја смени русата нијанса на косата која со години е нејзин заштитен знак, но го промени обликот и ги скрати шишките.
„Само да се јавам“ – напиша Карлеуша во новата објава на Инстаграм, каде премиерно го покажа својот нов изглед. Коментарите не престануваат да доаѓаат, а комплименти и даде и светската филмска и музичка ѕвезда, познатиот секс симбол, Кармен Електра.
„Мојата женска симпатија“ – и напиша некогашната актерка и модел, која важи за секс симбол, а Јелена Карлеуша и се заблагодари за прекрасните зборови и и испрати емотикони со срценца.
Фото: Инстаграм/karleusastar/carmenelectra