Јелена Карлеуша на снимањето на новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во краток син фустан со длабоке деколте, а истиот го комплетираше со очила.
Оваа модна комбинација не само што им се допадна на фановите на Јеца, туку во истата ја покажа својата одлична фигура.
Меѓутоа, освен тоа, на социјалната мрежа „Твитер“ многумина коментираат дека на овој начин Јеца ја ископирала Лепа Брена која во ваков фустан се појави во далечната 1989 година.
Тогаш, Брена во емисијата „Диско фолк“ изведе еден од нејзините големи хитови, а поради јакната која ја носеше врз фустанот, нејзиниот стајлинг е многу сличен односно ист како оној на Јеца од пред неколку дена.
Некои фанови заклучија дека Карлеуша нашла инспирација во Брена.
Погледнете.