Откако си го истера одморот и покрај корона пандемијата, Јелена Карлеуша, повторно се потруди да и ја „измеша хемијата“ на јавноста, одново шокирајќи ја со својот провокативен изглед. Така, русокосата скандал дама при последниот настап во Белград дефинитивно се надмина самата себе си, пречекорувајќи ја црвената линија на еротскиот набој и зачекорувајќи во нешто што повеќе личи стајлинг за во филм за возрасни што кришум се гледа во ноќната смена, отколку за музички настап на сцена.
Јелена на бината се појави во светло зелен костим кој речиси и ништо да не покриваше од нејзините бујни облини и интимни долини.
Се разбира само она најелементарното, колку да не е биз ич, без ниту едно крпче, таму каде што ионака се подразбира што се крие зад ултрасекси костимот со задна ама и „предна танга“, во подножјето на меѓуножјето.
Да биде атрактивноста на настапот уште поголема, танчерките покрај неа беа исто така разголени и облечени во ист тон, а единствено различно кај нив беше тоа што тие носеа заштитни маски.
И секако, ниту една од нив не беше толку многу гола „од петици до гуша“ како нивната „шефица“, фолк дивата Јелена Карлеуша!
За дивеењето на сцена и да не говориме, зашто кога на Карлеуша ќе и проработат зовриените хормони, пејачката дава се ‘од себе, трошејќи ги последните атоми.
Впрочем, погледнете дел од настапот во видео клипот: