Карлеуша повторно, по втор пат во животот е во фаза на развод, но затоа непрестано е во фаза на споделување голотија. Најновите фотографии од нејзиниот одмор во Турција каде ужива со ќерките Атина и Ника, се нова прилика да го сподели јавно со своите многубројни следбеници на социјалните мрежи својот телесен раскош.
Русокосата овој пат немаше што ново да каже, ама затоа и тоа како имаше што да покаже. Новиот модел на костим за капење, нешто како ултрасекси мини бикини кој има „прозорче“ таму каде што е најскокотливо да се ѕирне.
Имено Карлеуша се прошета по песочната плажа во модел кој е ултрапровокативен, малку покрива, а и тоа што го покрива остава простор да има „ѕирка-проѕирка“ за русокосата што повеќе да ја заскокотка љубопитноста и дополнително привлече на себе, влажните машки погледи!
Не дека и досега не сме ја виделе Јелена во уште побрутални изданија, но новиот модел со „прозорче“ на градите и венериниот брег е еден од оние кој остава впечеток и белег.
Сепак за да ѕирнете низ „прозорчето“ не е така лесно. Она што може да се види на прва е дека таму каде што треба, Карлеуша останала иста – мазна како писта!
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar