Јелена Карлеуша и Лазар Ристовски веќе некое време се во одлични односи.
Кога сите ја нападнаа поп-дивата, почнувајќи од медиумите, преку јавноста, па дури и неговите колеги актери, актерот застана на нејзина страна, а многупати пред тоа зборуваше со пофалби за неа.
– Случајна средба и пријатен разговор со жена, вистинска суперѕвезда. Со дама која има отворен ум и остар јазик. Таа и Басара му се потребни на секое општество бидејќи тие се огледало што не лаже и не разубавува. А во исто време се и многу смешни – изјави драмскиот уметник и режисер, кој најверојатно подготвува нова серија, а во неа нема да се појави никој друг туку Карлеуша.
View this post on Instagram
Според Курир.рс Јелена добила епизодна улога, а се било договорено пред неколку месеци. Не се познати сите детали, но како што стојат работите во моментов, снимањето најверојатно ќе започне напролет.
Станува збор за сериозна продукција, која ќе им парира на светската, а преносот се очекува кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
View this post on Instagram
Јелена пред неколку дена го означи актерот под видео на својот Инстаграм, а таа му го кажа следното потврдувајќи ги донекаде наводите:
– Новогодишните пораки повеќе не се она што беа! П.С.: Драг Лазаре, ти имаш ваков лик за пријател и не сме го потпишале договорот за најгледаниот филм на сите времиња – напиша таа додека тој немаше коментар за ова.
Не се сомневаме дека Јелена Карлеуша и Лазар Ристовски ќе направат нешто поразлично и квалитетно доколку навистина соработуваат.
фото:Instagram printscreen/ karleusastar/ lazar.ristovski