Радио Милева лејди домина

Карлеуша како актерка од секс индустријата: Пејачката во садо-мазо стајлинг е „ла бомба“! (ФОТО)

Карлеуша како актерка од секс индустријата: Пејачката во садо-мазо стајлинг е „ла бомба“! (ФОТО)

Пејачката Јелена Карлеуша своето слободно време го поминува главно на социјалните мрежи, каде за своите следбеници споделува фотографии од приватниот живот. Сепак, последниот во низата секси серијали привлече големо внимание во јавноста.
Имено, Јелена реши да помине убав и сончев ден надвор од својата вила, па отиде на возење со ролшуи, а со својот стајлинг во духот на нејзиниот хит „Слатка мала“ ги изненади сите.


Пејачката носеше кратки шорцеви, а во моментот кога клекна, го покажа нејзиниот задник, додека бујната предница толку ја стегнала што пука на неа. Она што привлече најголемо внимание е фотографијата на која пејачката ги раширила нозете и го покажала средниот прст… по навика!

И уште не се соземаа од шокот, а русокосата своите фанови, но и целокупната јавност одново ја запрепасти со уште попровокативни и поразголени фотографии. Овој пат Карлеуша се сликала како да е актерка од секс индустријата. Пејачката во брутално секси садо-мазо стајлинг одново покажа дека е… „ла бомба“!

Налика на лејди домина, во рачно исплетен корсет од црно јаже и малку кожа, Карлеуша изгледа како да е на фотосеанса пред снимање на филм за возрасни, така што и најголемите ѕвезди од порно индустријата можат да и позавидат и на изгледот кој го одзема здивот и на позите пред објективот.

 

Однапред бујна, мазна и тасма…

Одзади затегната, порочна и расна… Карлеуша уште еднаш покажа дека за неа табуата не постојат.

Она што ќе го науми, тоа и ќе го направи, па ќе ве намами долго да гледате во нејзините разголени фото-пози. Можеби и не зна кој знае како да пее , ама затоа и тоа како знае и умее во сето останато што ја прави естрадната професија многу повеќе од пеење, туку и комплетна забава, односно шоубизнис! Затоа можеби и не е грешка кога Карлеуша ја нарекуваат балканската Мадона.

 

To top