Радио Милева

Карлеуша јавно „плукаше“ по популарната колешка, а сега сака да ги закопа воените секири

Карлеуша јавно „плукаше“ по популарната колешка, а сега сака да ги закопа воените секири

Јелена Карлеуша го смени мислењето за нејзината колешка Северина Којиќ, за која немаше пофални зборови, а сега редовно става лајкови на нејзините објави на социјалните мрежи.

Имено, Северина издаде нова песна, па ја стави на Инсатграм, а веднаш потоа „лајкуваше“ Карлеуша.

Потсетуваме дека конфликтот меѓу Јелена и Северина се појави кога дует што Ј.К. требаше да го снима со еден реперка, го направи Севе. Потоа, Карлеуша напиша дека музиката на Северина е “шунд”.

Иако Јелена ја прозва Северина и за порно филмот што го имаше, сега и таа се најде во слична афера. Сега, според она на Инстаграм, Карлеуша нема ништо против нејзината колешка со која сега дели слична судбина.

To top