Јелена Карлеуша со настап ја отвори ски сезоната на Копаоник. Пејачката претходно, штом стигна во познатиот балкански скијачки центар, веднаш излезе на снегот за да направи нова фотосесија.
Најпрвин облечена во необична и чудна црна комбинација со огнено срце или крилца – што ли веќе е, излезе за да прошета и да го опипа пулсот на временските прилики. Откако се увери дека снег има доволно, не пропушти да се „глупира“ пред камерата, за потоа да дојде она вистинскиото. И дента и вечерта…
Имено, белградската „скандал дама“ денот го искористи да позира за да го најави и изрекламира својот вечерен концерт во еден од најлуксузните хотели на Копаоник.
Боди во месо боја кое максимално ги открива препоните, а едвај го покрива венериниот брег на меѓуножјето на пејачката, со изврзани „римјанки“ што треба да асоцираат на високи чизми до под колкови, афро фризура и темни очила за сонце… Така „гола и боса“ среде зима, Карлеуша уште еднаш покажа колку и зошто ја има!
А дека ја има и повеќе од што треба со појава од која паѓа вилица, потврди и на вечерниот настап облечена како дива тигрица.
Тигрица или женка -леопард, Карлеуша одново направи добар жур и мажите ги остави со спуштен гард и кренат… адреналин!