Јелена Карлеуша повторно ги „извади од чевли“ своите следбеницина Инстаграм, а со оглед на тоа дека пејачката ја следат повеќе од 2 милиони луѓе, речиси не може ништо да помине незабележано, та тоа траело и само неколку минути.
Имено, Карлеуша објави фотографија на која си прави селфи, но она што беше впечатливо беше нејзината нова – розова боја на косата, која ја бојадисала очигледно само за домашна употреба.
Нејзината нова коса судејќи по реакциите им се допадна баш на сите, па пејачката реши да ја избрише фотографијата само неколку минути откако ја прикачи.
Сепак, тоа беше предоцна, зашто фановите веќе ја симнаа и раширија нејзината нова промена,, кпоја сепак не беше најважната работа што ги заинтригира кај „екс русокосата“!
Имено, Карлеуша сподели неколку шокантни фотографии на кои силиконската пинк дама е речиси гола. Облепена со жолта леплива лента од потпетици до препони, налик на високо чизми над колена, и две лепливи ленти преку градите, белградската „мала од скандала“ постигна троен ефект.
Ем одново ја шокираше јавноста со својата голотија, ем проба да ја тестира рекацијата на фановите за својата нова боја на косата, ем ја изрекламира познатата светска марка за обувки, облека и аксесоари!
Дали за тоа добила дебели пари или Карлеуша ова го направила заради некоја друга математика, останува енигма…
Тајна која само пејачката ја знае, како што секогаш и знае кога – што треба да облече, а кога „пиштол гола“ да се соблече, за сиот интерес и сето внимание на себе да ги привлече!
Фото: Инстаграм принтскрин/ karleusastar