Младиот српски рапер Урош Пауновиќ, попознат како Лима, јавно, и жестоко ја прозва и обвини пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил упатувајќи и зборови кои наведуват на тоа дека белградската „скандал дама“ го „украла“!
Имено, раперот ја обвини Карлеуша дека го ископирала неговото видео и го пресликала во својот нов спот, а потоа ја објавил фотографијата направена во 2018 година, и фотографијата на Јелена од вчера, па при споредбата во описот сите ги шокираше:
„Мега риба, мега ѕвезда… копирано ниво.Ама нема врска, поминаа само 2 години“ – напишал Пауновиќ на споменатата социјална мрежа, повикувајќи се на тоа дека сцените од неговото видео Карлеуша си ги прескликала во својот најнов спот кој деновиве го снимаше, а изобилува со сцени како од филмскиот серијал за лудиот воин „Мед Макс“.
Дали со ова Карлеуша си отвори уште еден, нов фронт, а сето ова ќе се претвори во скандал и за неа нова војна, која можеби нема да се одвива само преку медиумите туку ќе заврши и на суд заради бесправно преземање на авторски права, останува да видиме.