Нема ден да помине, Јелена Карелуша да ве одмине без да има нов шок во медиумите или на социјалните мрежи. Овој пат српската „скандал дама“ на својот Инстаграм сподели нова провокативна фотографија, на која пејачката на себе носи тесен тигрест фустан кој и го отцртува секој детал на нејзиното тело, а длабокото деколте ја истакнува бујната силоконска предница на машката поп-фолк љубимица.
Карлеуша ги истури градите во автомобилот, па ги здиве мажите со секспилот. Расната белградска дива тигрица, едноставно ги остави со „падната вилица“!
„Храбар е оној маж, кој сака дива жена“ – порачала во описот на фотографијата, како пикантен зачин на ситуацијата во која одново доминира провокацијата на русокосата убавица.
Инстаграм одново гори од коментари, муабети и разговори… Впрочем, она што за неа се збори, секогаш надалеку се слуша, кога е во прашање Јелена Карлеуша!