Радио Милева

Карлеуша ги игнорираше објавите на Луна Ѓогани, но овој пат не можеше да издржи

Карлеуша ги игнорираше објавите на Луна Ѓогани, но овој пат не можеше да издржи

Пред неколку дена Луна Ѓогани на својот Инстаграм стори објави дел од својот настап, баш од моментот кога пее песна од Јелена Карлеуша, а на која ја означи во објавата.

Карлеуша не се огласи по објавата на младата надежна пејачка во обид, а Луна набрзо потоа ја избриша.

Сепак, Карлеуша реши да ја поправи целата ситуација и и пружа поддршка на Ѓогани.

фото:инстаграм

Таа под објавата со фотографија од Луна и Анабела на настап, остави коментар: „Браво за мајката и ќерката“, а Луна веднаш и се заблагодари.

-Благодарам Јецо до небо- напиша таа.

Иако по првите настапи на Луна во Македонија имаше доста негативни коментари дека не пее, туку само ја отвара устата на плејбек, Карлеуша застана во поддршка на Луна која со музичката кариера започна неславно.

To top