Јелена Карлеуша отпатува кај сопругот Душко Тошиќ за да се обиде да ги испегла односите по аферата, но сепак не е начисто дали фудбалерот навистина поминал преку сè што овие денови се појави како фотографија и видео, се пишуваше и зборуваше во медиумите, но и по кулоарите?
Без оглед на фотографиите кои Јелена ги постираше од роденденската прослава на Душко, на кои сите се дотерани како за на црвениот тепих и се’ изгледа како среќна семејна веселба, останува отворено прашањето дали тоа навистина е така?
„Јелена не е сигурна дали Душко всушност преминал преку се’ и и’ простил? Додека е во Кина, се чини се’ е нормално, но сепак се чувствува напнатост. Така беше до последниот ден од нејзиниот престој со нејзините ќерки, без разлика за што со сопругот за се’ разговараа. Кога отиде кај Душко, јелена беше убедена дека брзо ќе се надмине оваа ситуација, но по неколку часа поминати таму, таа сфати дека ништо веќе нема да биде исто како порано“ – вели извор близок до двојката.
Точно е дека тие заради ќерките се обидуваат да функционираат како среќен пар, но секој кој ги познава малку подобро, особено Душко, може да забележи дека нешто не е в ред. Тој е добар човек и никогаш не би ризикувал да го изгуби семејството заради авантура. Затоа и не може да поверува дека тоа му се случува нему, на таков јавен начин. Верувам дека тој сака Елена и сака да и даде уште една шанса, но прашање е дали ќе може после се’?
Затоа Душко не сакаше да постира фотографии од роденденската забава, иако Јелена тоа го направи. Тој не се грижи толку многу за сликата што ја оставаат во медиумите и што ќе кажат луѓето, колку што е загрижен за ситуацијата во која се најде. Особено затоа што негов колега е вклучен, така што приказните за нивниот триаголник допреа не само до Србија и регионот, туку и до многу фудбалски клубови во кои тој играше. Нема никакво оправдување за однесувањето на Јелена, па така тој сè уште не донесол конечна одлука дали да започне постапка за развод или не? Иако сите се убедени дека е поблиску до одлуката за надминување на ситуацијата најмногу поради ќерките Атина и Ника, кои се неговиот центар на светот.
Јелена е свесна за тоа низ што се’ минува Душко во моментов, како што е подеднакво свесна дека се’ уште не е ставена точка на оваа приказна.