Радио Милева на прво место

Карлеуша држи рекорд – српската поп – фолк дива заработува огромна цифра од „Инстаграм“ (фото)

Карлеуша држи рекорд  – српската поп – фолк дива заработува огромна цифра од „Инстаграм“ (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша, покрај приходите од настапи, заработува и од рекламирање производи на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде заработува и по 15.000 евра по објава.

Јелена неодамна потпиша заносен договор со познат бренд, а споменатата сума автоматски ја става Карлеуша на прво место по заработка од објави на Инстаграм,  во целиот регион.

– Јелена со овој бренд соработуваше пред неколку години. За разлика од другите пејачки, кои главно рекламираат само локални брендови, таа како и секогаш е чекор понапред од сите, па повторно стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за онлајн продажба на облека и модни додатоци. Луѓето кои стојат зад оваа најуспешна продавница за облека на Инстаграм сакале Јелена да ги рекламира, па брзо се договориле за сите детали. Се беше договорено на почетокот на годината. Од средината на јануари таа на својот профил пет пати се фотографирала во нивната гардероба. Бидејќи за една објава на нејзиниот ѕид и платиле 15.000 евра, лесно е да се дојде до пресметката од вртоглави 75.000 евра кои ги заработила за помалку од еден месец. Инаку, пред неколку години и плаќале и до 10.000 евра по објава – изјавил изворот за Курир рс.

Соговорникот посочува дека тоа не треба никого да изненади со оглед на тоа што Јелена е најследената јавна личност од естрадата на овие простори.

Самата пејачка на една од нејзините Инстаграм приказни потврди дека е заштитно лице на овој бренд и дека е многу платена за тоа, но не ја откри точната сума.

– Јас сум заштитно лице на овој бренд, со кој имам спонзорски договор. Тоа значи дека сум дебело платена за да ги промовирам нивните модели. Овој бренд работи со најголемите светски ѕвезди, кои имаат и спонзорски договори и тоа е најнормалното нешто на светот – напиша меѓу другото пејачката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top