Радио Милева
тотално брутална...

Карлеуша брутално провокативна: Во карантин како на снимање „порно филм“? (ФОТО)

Карлеуша брутално провокативна: Во карантин како на снимање „порно филм“? (ФОТО)

Корона пандемијта на естрадата и ги „врза рацете“, ама затоа поедини естрадни ѕвезди, меѓу кои предничи белградската „скандал дама“,  публиката секојдневно ја оставаат со очи ширум отворени… Зашто и кога ништо не прави, Јелена Карлеуша е интересна за публиката, медиумите, јавноста…

Овој пат нејзината провокација достигна брутални размери… Пејачката одново ја разбранува јавноста, па некому му ја отвори устата полна со нов материјал за озборување и коментари, некому му ја затвори, ама на сите им ги  „ококори очите“ со најновите фотографии од карантинот.

Нејзината последна еротска фотосеанса нема шанса да не ве закова со минути да гледате во расната боса русокоса, зашто она што овој пат Јелена го покажа, ги наднмина сите заблуди, дека Карлеуша нема веќе што да понуди!

А понудата, повеќе од предизвикувачка, зашто Карлеуша соблечена во ултра мини мрежести танга гаќички и мрежест проѕирен градник, во некаков полутоп, не само што изгледа топ, туку изгледа како штотуку да излегла од снимање на „филм за возрасни“!

Токму затоа, покрај сета возбуда, блудни мисли, валкани мечти и воздишки, некои запрашаа: „Дали тоа Карлеуша се’ уште е во карантин или се подготвува за снимање на „порно филм“?

Останати вести од Радио Милева