Јелена Карлеуша оповторно не се појавила на рочиштето во судскиот спор со Огњен Врањеш! Таа, како што пишуваат српските портали, своето отсуство го оправдала со лекарска документација, која преку својот адвокат му ја доставила на судот.
Лекарот од една приватна белградска клиника птпишал дека Карлеуша е спречена да дојде на судењето зашто има сува вагина и болки во малата карлица!
Вчера ниту Врањеш не се појавил на суд, но секако тој и не морал да дојде. Неговите адвокати Милица Аќимовски и Бранислав Богдановски, потврдија дека пејачката доставила лекарска документација.
„Адвокатот на Јелена достави лекарско уверение, а сите знаеме дека е на море во Турција. Дури достави и авионски билет“- вели адвокатката Аќимовски.
Приведување на пејачката нема да има, иако судот наложи повторно да биде повикана на следното рочиште преку полицијата. После се’, останува дилемата. „Дали Карлеуша во лекарското уверение за природата на своите наводни здравствени неволји, можеби не сакаше да му прати „скриена порака“ на Врањеш, па одбра токму таква „дијагноза“?
Фото: Немања Николиќ/Инстаграм принтскрин