Овој вторник во емисијата „Амиџи шоу“ кај водителот Огњен Амиџиќ по пет години на ТВ Пинк гостуваше пејачката Јелена Карлеуша која во текот на вечерта се проба во интересната игра „Животот пишува драми“. Јелена мораше меѓу Аца Лукас, Кија Коцкар, Сека Алексиќ и Младен Крстајиќ да избере во чија кожа би сакала да се најде кога тоа би било возможно, а карлеуша кажа дека го избира Аца Лукас.
-Би влегла во негова кожа на еден ден и би му го упропастила животот. Би се јавила на Соња да се смириме и би и кажала дека сум голем скот. Потоа би го изгубил телефонот .
Би пратила пораки на на сите непријатели дека сум најголема ѕвезда, кажа Јелена Карлеуша.
Потсетуваме, во текот на гостувањето на Огњен, Карлеуша откри дека мајката на Кија Коцкар му помогнала на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ кога бил сиромав.
фото:TV Pink Printscreen