На Карл Лагерфелд неговата мачка му била дадена на чување, но со текот на времето тој одлучил да ја задржи за себе.
Легендарниот Карл Лагерфелд наводно оставил тестамент во кој ги именувал наследниците на неговото богатство кое се проценува околу 200 милиони долари.
Како можни наследници на неговото богатство се наведуваат неговото кумче Худсон Кроениг и неговата мачка Чапат.
Лагерфелд во една прилика изјави дека неговата мачка ќе ја има во тестаментот бидејќи покрај Худсон, таа е личноста која најмногу ја сака.
„Ние комуницираме со погледи. Да ми дозволеше законот, ќе ја оженев“ изјави дизајнерот во една прилика.