Американската раперка Карди Би на својот сопруг, раперот Офсет му направи роденденска прослава за паметење, а подарок доби околу 450 000 евра.
Раперката на сопругот му подари речиси пола милион евра, а во тој знак на благодарност ја бакна неколку пати.
„Тука има 450 000 евра. Можеш да си купиш автомобил, облека, накит, мини торба. Со тие пари можеш да правиш што сакаш“ изјави раперката на видеото.
Роденденската прослава Карди Би ја организираше во еден ноќен клуб во Лос Анџелес каде што имаше многу полуголи девојки, алкохол, како и пари кои летеаа по целиот клуб.
Стриптизетките кои биле изнајмени да играат на роденденската прослава на нејзинот сопруг биле платени меѓу 5 000 и 8 000 евра.
Карди Би беше една од најпознатите стриптизетки во Америка, а според пишувањата на медиумите за една вечер земала 14 000 евра.