Тијана Дапчевиќ е позната по тоа што редовно сака да експериментира со својата фризура, па имавме прилика да ја видиме во разни изданија.
Пејачката деновите во изолација ги поминува во својот дом во Белград, а неодамна за телеграф.рс откри дeка од дома пет излегла до продавница односно дека нејзиниот сопруг Милан е задолжен за набавка на намирници.
Таа истакна дека единствена активност која ја прави надвор од домот е пешачење во шума, а во домот времето го поминува со синот Вук и сопругот Милан.
Поради целата ситуација и короната, повеќето познати се во своите домови, во опуштени изданија без високи потпетици, шминка и во кежуал модни комбинации.
Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ по долго време конечно посети фризерски салон и малку ја скрати косата.
Таа во кратките приказни на „Инстаграм“ се пофали со новиот имиџ.
„Конечно се шишав“ напиша таа како објаснување.
За потсетување, Дапчевиќ неодамна истакна дека не живее само со пеење туку и дека започнала да се занимава и со земјоделство.