Повеќе од една година се шпекулира дека бракот на славниот актерски пар е пред распад, но се чини дека сега тие навистина се разведуваат.
Мила Кунис и Ештон Качер веќе не можат да најдат заеднички јазик, дури и кога децата се во прашање. Според извори блиски на славната двојка, кавгата што не можат да ја надминат се појавила околу одлуката за продажба на нивниот луксузен дом во Лос Анџелес.
– Одлуката за продажба ја „прелеа чашата“. Тие во моментов се наоѓаат во изнајмено сместување, а во тек е изградбата на нивниот „дом од соништата“ во Беверли Хилс.
Иако првично имаа добри намери, оваа одлука го потреси веќе несигурниот брак. Засега тие се уште не се огласиле по новите шпекулации во медиумите.