Промотер

Кантавторот Александар Петрески за љубовта скриена во прегратки на убавините на Охрид пее прашувајќи – „Која си ти“ (ВИДЕО)

Кантавторот Александар Петрески  за љубовта скриена во прегратки на убавините на Охрид пее прашувајќи – „Која си ти“ (ВИДЕО)

По неколку снимени кавер верзии и преработки на познати песни, со своја авторска музика и текст, младиот музичар од Охрид Александар Петрески, ја промовира неговата најнова песна “Која си ти”.

„Со задоволство Ви ја претставувам мојата најнова авторска песна ”Која си ти”. Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер.

Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело. Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект: Климент Симоноски – видео продукција, Ангела Ивановска – модел и Зоран Кречо  (“Krecho Sound Studio”) – мастеринг.

Видеото е снимено на неколку локации во магичниот Охрид, кои како и секогаш, нудат бескрајно уживање.

Уживајте и вие додека ја следите „Која си ти“ на кантатвторот Александар Петрески (КЛИК ТУКА): 

To top