Ким Кардашијан Вест на својата највозрасна наследничка и дозволува да се шминка и да ги носи нејзините високи потпетици, но изгледа се смениле правилата и на тоа му дошло крајот.
Во разговор за „El news“, Ким открива дека нејзиниот сопруг Кање Вест и забранил на нејзината шестгодишна ќерка да се шминка.
https://youtu.be/LVHSZO2RodU
„Таа обожава да се шминка, но нејзиниот татко и забрани да го прави тоа. Мислам дека му здосади, па ги промени правилата. Ако се прашувам јас, јас би и дозволила – ако сака за Божиќ црвени усни, ќе ја нашминкам, ако сака црн фустан, може и црно руменило“ вели Ким.
https://youtu.be/xk4iyJsOE9I
Инаку, шестгодишната ќерка со црвено руменило се појави на семејна забава организирана по повод Божиќ.
https://youtu.be/nhAd5QQKJOM
Ким не крие дека нејзината ќерка е опседната со шминкање, но и со нејзините скапи високи потпетици и брендирани чанти.