Раперот и музичарот Канје Вест изјави дека планира да се разведе од Ким Кардашијан.
Како причина која ја наведе за разводот е нејзиното познавање со неговиот колега Мик Мил. Наводно тие се гледале во хотелот „Валдорф“.
Канје на Твитер напиша дека Ким ги поминала сите граници. Освен тоа пишуваше и неповрзани работи за реформите на затворскиот систем.
Британскиот „The Sun“ веќе пишуваше дека дошло до проблеми меѓу Ким и Канје за време на карантинот.
Мик Мил ја пофали Кардашијан за нејзиното ангажирање за реформите во затворот.