Американскиот рапер Канје Вест почна да излегува со 22-годишната манекенка Винетриа, објави „Пејџ Сикс“, повикувајќи се на свои извори. 44-годишниот Вест и „чоколадната убавица“ присуствуваа на кошаркарскиот натпревар на Академијата Донда во Минеаполис, каде папараците успеаја да ги фотографираат. Лице блиско на музичарот потврди дека хип-хоп ѕвездата и младата дама се заедно. Двојката беше забележана и на неделна црковна богослужба кон крајот на октомври.
Оваа информација дојде по гласините за романтична врска помеѓу поранешната сопруга на раперот Ким Кардашијан и 27-годишниот актер и комичар Пит Дејвидсон. По разводот од Канје, риалити ѕвездата со бујни атрибути ја наследи нивната заедничка палата, плаќајќи му на поранешниот сопруг 20 милиони долари за тоа. Вест со задоволство ги додаде на своето вкупно богатство кое се проценува на 1,8 милијарди долари.
Извор: HotNews.bg