Кандидатката Зорана Мичановиќ предизвика дискусија во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи се пријавила за музичкото шоу а нема 16 години колку што е долната старосна граница за учество во „ЅГ“.
Имено, таа е најавена како шеснаестгодишна, а сепак има 15 години.
„Се плашев како ќе звучиш. Ти си млада, а во прашање е тешка песна. Но кога почна да пееш, имав впечаток дека имаш 25, а не 15 години. Браво за стајлингот и за се. Ти имаш потенцијал да бидеш ѕвезда“ изјави Вики Миљковиќ.
„Само јас не сум сигурен дека има 16 години, наполни ли?“, праша Поповиќ.
„Не наполнив, но имам 16 години“, изјави кандидатката мислејќи дека е во шеснаесетатта година од животот.
Поповиќ откри дека на оваа кандидатка и прогледал низ прсти за годините бидејќи мисли дека е квалитетен пејач.
„Не, не…Јас знаев дека ова девојче има 15 години, но поради квалитетот на пеење…И може да кажам дека таа е зрела девојка…поради тоа ги „затворив“ очите за ова кандидатката и правилото да има 16 години“, изјави Поповиќ.