Финалистката на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Белма Хусеинефендиќ поминала еден ден во вилата на Јелена Карлеуша.
Белма е фасцинирана од куќата и семејството на пејачката.
„Се подготвувавме психички за финалето, потоа размислувавме што да облечеме, разговаравме за некои случувања, но и за понатамошната кариера. Ги запознав нејзините ќерки, сопругот Душко и можам да кажам дека ми е чест што бев во едно такво семејство кое ме дочека со раширани раце“, изјави Белма.
„Немаше атмосфера како Јелена да е ментор, а јас кандидат туку се изгледаше фамилијарно, како Јелена да ми е мајка. Многу е грижлива жена, но и мајка и сопруга. Најмногу се играше со нејзиното куче кое е преслатко, па и кажав дека еден ден ќе дојдам и ќе го украдам“, вели учесничката во музичкото шоу.
Освен пријатната атмосфера, Белма е воодушевена и од луксузниот дом на пејачката.
„Што се однесува до нејзината куќа, таа е фасцинантна, се е стилско уредено и преубаво изгледа. Мене најмногу ми се допадна дневната“, порача таа за 24седам.