Еден од натпреварувачите во „Ѕвездите на Гранд“, Саша Стојадиновиќ, не помина во третиот круг од најновото издание, но според зборовите на Саша Поповиќ, е единствениот кандидат кој почнал да се смее за време на настапот и со тоа го развесели, но и изненади жирито.
Имено, Саша за овој круг на натпреварот го подготвуваше Ѓорѓе Давид. Тој на среде изведба на втората песна, почна да „вежба“ на сцената и да мрда со рацете и нозете. Тоа предизвика неверување и смеа кај жирито, а потоа и самиот почна да се смее.
-Ти си првиот пејач кој се смее додека пее. Јас тоа никогаш не сум го чул. Ова е навистина интересно, констатираше Поповиќ, додека марија Шерифовиќ неговиот настап го опиша со зборовите:
-Едно е сигурно, во ова најмногу уживаше само ти. Нека, тебе ти беше убаво. Се изнаигра, испеа, циркус направи. Нема врска. Ти простуваме, заврши Марија.