Организаторите на MAC најавија спектакл во Штарк Арената на 27 јануари, а веќе со првите објави на имињата кои настапуваат, дефинитивно тоа и го потврдија – Лепа Брена, Сенидах, Тончи Хуљиќ и Калиопи настапуваат на церемонијата, а својот настап веќе го најави и Нина Бадриќ.
Една од најголемите регионални ѕвезди Лепа Брена вели дека публиката на MAC ќе има можност да види нешто сосема поинакво:
„Знаеме дека MAC ги собира најквалитетните и најдобрите во овој регион и исклучителна чест и задоволство ми е на покана од организаторите да настапам на оваа манифестација“, вели Брена и додава: „Секогаш настојувам да бидам нова, да бидам поинаква и на MAC публиката може да очекува нешто сосема свежо и поинакво. Ќе кажам само дека настапот ќе се состои од еден необичен микс на неколку од моите најпознати песни, а како тоа ќе звучи и изгледа ќе видите на 27 јануари во Штарк Арената во Белград.“
Легендарниот Точни Хуљиќ на претходниот MAC настапи заедно со Јелена Розга, придружувајќи ја на клавир, а овој пат подготвува специјален настап чии детали сè уште сака да ги открива. Сепак, навести дека станува збор за негова балада која ја напиша за една мега-ѕвезда, во чија изведба песната доживеа неверојатен регионален успех.
https://www.youtube.com/watch?v=BvgA7_8rxXI&feature=youtu.be
Music Awards Ceremony ги собира најголемите ѕвезди од 6 земји и ги спојува сите музички жанрови за време на тричасовната церемонија на доделување на признанијата. Моментално најпопуларната треп ѕвезда во регионот Сенида, која за песната „Слаѓана“ на претходниот MAC го понесе признанието за најдобра хип-хоп и треп нумера според публиката, не го крие воодушевувањето што и овој пат ќе настапи на церемонијата.
„MAC е најголем музички настан кај нас и среќна сум што и годинава ќе бидам дел од него. За прв пат ќе настапам со својот бенд, што ќе биде можност да се претставам и малку поинаку, и едвај чекам! Особено ми е драго што годинава и Словенија е дел од приказната, сега сите сме на куп! Се гледаме во Арена!“
Желби за среќна и успешна MAC 2020 година доаѓаат и од Македонија, од големата регионална ѕвезда Калиопи која го најавува својот настап на церемонијата:
„Морам да ја пофалам организацијата за начинот на кој сè ставија под едно небо, посветувајќи му на секој музичар доволно внимание и значење, сето сценски да биде проследено на еден светски начин.“