Таа можеби е единствената од македонски пејачки која многу одамна ги помери границите на музичката кариера, а со својот вокал и енергија ги расположува фановите ширум регионот.
Македонската поп дива Калиопи Букле веќе неколку години по ред го носи својот куфер полн со љубов и песна, а го отвара и го дарува на концертите на своите фанови.
Добро познато е дека Опи секогаш е добредојдена и во државите во регионот, поточно во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора каде што има не само фанови, туку пријатели и добри колеги.
Опи деновиве ја започна својата турнеја во Босна и Херцеговина, односно имаше настап во Мостар каде што пулбиката ги пееше нејзините песни.
Пејачката на својот “Инстаграм“ сподели дел од атмосферата, а веднаш под неа следеше коментар од Нина Бадриќ која стави срциња, но и познатиот Жељко Самарџиќ кој напиша:
„Мила моја, од срце ти посакувам твојата турнеја во Босна и Херцеговина да ти биде голема љубовна адреса. Драго ми е што започна во мојот роден град, те сакам многу“ прокоментира Жељко.
Опи имаше настап и во Сараево во „Домот на млади“, а понесена од атмосферата таа изјавила дека е штета што никој не ги снима аплаузите.
На концертот во Сараево уживаше и добро познатата пејачка Ханка Палдум поради која Опи накратко го прекина концертот за да се поздрави со својата колешка.
Ханка на својот „Инстаграм“ сподели видео од средбата, а во описот напиша: „се сакаме“.
Инаку, македонската дива продолжува со турнеја во Босна и Србија, а на 09.11 ќе има и концерт во Комбанк Дворана во Белград.