Македонската јавност, а и српската е добро запознаена со блиското пријателство на нашата Калиопи со српската пејачка Милица Тодоровиќ.
Но, никој, па ни таа самата не очекуваше дека Милица ќе дојде во Скопје и ќе и направи големо изненадување на Калиопи.
Имено, Милица штом пристигнала во Скопје, веднаш отишла под балоконот на Калиопи и и’ ја запеала омилената песна. Од видеото подолу може да се забележи нејзината среќа, зашто Калиопи 2се стопи“ и беше трогната кога виде кој дошол да и пее под пенџере.
Калиопи овој момент го сподели на својот Инстаграм каде напиша:
„Знаете дека јас секогаш го делам со вас и најмалот слатко „лудило“ во мојот свет … Но, таа е повеќе од тоа … Моето сакано суштество, мојата Милица, ми приреди вистинско изненадување … Тивко, без мое знаење , таа дојде во мојот град и како најголем трубадур ме покани на балконот со песна, која многу ја сакам и го врзува нашето пријателство … Каква радост, каков благослов. Те сакам девојче! Ти си единствена, убав подарок за овој свет …. Толку сум горда на тебе “…! – напиша Калиопи.
View this post on Instagram