Македонската пејачка Калиопи Букле вечерва ќе одржи спектакуларен настап на „MAC“.
Пејачката за информер.рс откри како течеле подготовките за настапот, но и што мисли за новокомпонираната музика.
„Бев спречена да учествувам на првиот „MAC“, но ветив дека ќе дојдам оваа година. Секогаш има трема. Ќе ја пеам песната „Роѓени“, го донесов и својот бенд. Ќе облечам неколку тоалети, но ќе облечам и нешто во што се чувствувам убаво. Овој пат ќе носам фустан, се ќе изгледа волшебно“ вели Опи и потоа го кажа својот став за новокомпонираната музика.

„Секое време носи своја музика, јас не можам да го споредувам моето време со денешното. Младите генерации ја слушат музиката што ја слушаат нивната музика“ вели Калиопи.