Македонската поп-дива Калиопи Букле е една од ретките македонски изведувачи кои често настапуваат на просторите на поранешна Југославија, каде ги полнат салите и плоштадите. Таа изминативе години одржа десетици солистички концерти и е чест гостин и на манифестации во Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора итн.
Летната сезона на концерти, Калиопи ја почнува во Врдник на Фрушка Гора во Србија. Таа на 3-ти јуни настапува на првото издание на фестивалот „Villa“ на кој ќе се соберат некои од најважните европски хероини на уметностa. Фестивалот е дел од програмата за Нови Сад – Европска престолнина на културата.
Следниот потврден настап е во Словенија. Каде таа на 28-ми јули, на фестивалот „Арсана“ во словенечкиот град Птуј ќе има заеднички концерт со музичарот Един Карамазов, кој важи за еден од најдобрите изведувачи на жичани инструменти.