Радио Милева

Калиопи: „Имам чувство како некој да се игра со нас“

Калиопи: „Имам чувство како некој да се игра со нас“

Македонската дива Калиопи деновите во карантин ги поминува во својот дом во Скопје, а таа една од првите јавни личности која  започна да се вклучува во живо од својот „Инстаграм“ и да се дружи со фановите.

Калиопи во интервју за „Дан уживо“ за n1info.com откри како се чувствува во овој период.

„Знаете како се чувстувам….дали се сеќавате на филмот „Труман шоу“, е така се чувуствам. Имам чувство како некој да се игра со нас и дека ова  е нереално. Искрено, се трудам да го зачувам секој вреден дел од себе за да можам да продолжам по оваа изоилација“ вели Опи.

фото: принтскрин

 

Меѓутоа, пејачката ни во вонредна состојба не престанува да биде креативна и да се дружи со љубителите на нејзината музика.

„Од првиот ден кога сфатив дека нема да можам да се движам, да патувам, да имам концерти, си реков самата на себe: „Калиопи ти сега имаш одговорност онлајн да се дружиш со публиката, фановите“. Прво, започнав со онлајн дружења, а потоа со мини концерти“ вели поп дивата.

фото: Принтскрин

Калиопи исто така времето во изолација го користи максимлано и креативно, па го започна  и оналајн натпреварот „Kaliopi Fan Art“, односно натрпевар во кој  нејзините фанови и следбеници во изминатиот месец праќаа креативни дела за некоја од предвидените категории во натпреварот.

https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/kaliopi-startuva-kreativen-onlajn-natprevar-bidete-del-od-kaliopi-fan-art/

Како што истакна пејачката, по секоја недела ќе има по 15 финалисти, а на крајот размислуваат да има по два победника од секоја категорија. Главна награда ќе биде викенд во Македонија и дружење со Калиопи.

Опи откри дека кога ќе заврши целата ситуација ќе оди во студио и ќе работи на нови песни.

Целото интервју може да го погледнете тука.

To top