Мегафон промоција

Калиопи и Жељко Самарџиќ ја имаа својата македонска промоција на заедничката дует балада „Знам“ во скопска „Аудиокултура“ (ФОТО)

Калиопи и Жељко Самарџиќ ја имаа својата македонска промоција на заедничката дует балада „Знам“ во скопска „Аудиокултура“ (ФОТО)

По белградската промоција која се одржа на 19-ти април, нашата Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ денес, вторник, 25 април 2023 година точно напладне, во скопскиот аудиобар  „Аудиокултура“ ја имаа и македонската промоција на нивната заедничка песна, дует баладата „Знам“.

Пред рекорден број новинари, претставници на медиумите, соработници, пријатели и гости, македонската поп дива и српскиот шармер ја раскажаа својата приказна за 40-годишното пријателство преточено во заедничка песна.

Калиопи честа и задоволството да го отвори дружењето со седмата сила му го препушти на својот гостин, секако откако модератоторот на настанот, нопвинарот Иван Беќковиќ претходно ги воведе колегите во промоцијата. Калиопи раскажа дека песната настанала сосема случајно и спонтано, по еден нејзин концерт во Будва, по кој таа и Самарџиќ се слушнале и седнале да се видат и дружат, бидејќи тој со своето семејство бил закотвен во блиското пристаниште во Котор, со својот глисер.

Заедничката селфи фотографија му ја испратила на својот некогашен сопруг, а доживотен пријател и соработник Ромео Грил, со пост покрај истата дека „овие двајца чекаат од него заедничка песна“. Ромео тоа го сфатил сериозно и  така од неговата креативна душа и музичка работилница се изродиле стиховите и музиката, кои како што спомена Калиопи, кај неа, а и кај Жељко будат посебни емоции, зашто во нив има дел од нивните животни вистини.

Откако заврши говорниот дел, видеоспотот за „Знам“ иако веќе виден, беше уште еднаш пуштен на големиот екран, по што следеше вториот дел од промоцијата во која на двајцата уметници им се придружи авторот Ромео Грил, кој за оваа, како и за белградската прилика беше специјално допатувал од Швајцарија каде што живее.

Откако и тој ги евоцираше своите спомени и ги искажа зборовите на задоволство што 40 години соработува со уметник како што е Калиопи, а сега и со Самарџиќ, следуваше заеднуичко фотографирање и новинарските изјави за медиумите на двајцата изведувачи, секој одделно.

Промоцијта генерално побуди голем интерес и беше одлично организирана, а бројните ТВ и радио екипи, новинарите од печатените медиуми и порталите со своето бројно присуство ја удостоија македонската поп дива Калиопи која беше добра домаќинка и какоми Жељко, остана долго да разговара со сите нив.

 

 

To top