Кога станува збор за вокал, за пеење и музички талент, тука сигурно може да ја вброиме најпопуларната македонска пејачка Калиопи Букле.
Со нејзиниот глас успева да ги наежи фановите, а нејзините песни се безвременски хитови.
Иако кога не беше на „Евровизија“ не успеа да не рангира на некое поблиско место до врвот, песните станаа апсоултни хитови.
Неодамна, Калиопи ја издаде својата нова песна „Пресуда“, а фановите пресудија дека им се допаѓа.
Викендов, Опи одржа спектакуларен концерт во „Сава Центар“ во Белград.
„Добро вечер драги мои, познати и непознати, но сите сте ми драги. Колку сте убави вечерва“, и се обрати Калиопи на публиката.
Пејачката со „Зајди, зајди“ го отвори концертот.
Присутните во салата ги пееја нејзините хитови, а меѓу публиката може да се видат и личности од јавната сцена.
Стеван Анѓелковиќ заедно со сопругата, Рада Ѓуриќ, Огнен Радивојевиќ со сопругата, Бранка Невистиќ, Жељко Самарџиќ дојдоа да и дадат поддршка на пејачката.
Во првиот ред беше и нејзинииот поранешен сопруг, а сега композитор и продуцнет, Ромео Грил.
„Не доаѓам бидејќи сум нејзин бивши маж, туку продуцент. Пред се, Калиопи е голем уметник. Едно е да бидете пејач, а а таа е нешто друго“ изјави Ромео за „Блиц“.
Калиопи уште еднаш покажа зошто важи за најдобра македонска поп дива, а очекуваме и наскоро да одржи концерт во Македонија.
foto: ras srbija
View this post on Instagram
KAKVA NOĆ! Ponovo smo slavili “April u Beogradu”, u Novembru… #Love #music #people #belgrade #magic