Актерот и водител Милан Калиниќ неодамна во една емисија го коментираше однесувањето на неговата колешка Јована Јеремиќ и истакна дека не му е јасно како е можно Јована да работи на телевизија?!
„Проблемот не е во неа, туку проблемот е во нас, бидејќи ја гледаме и и’ доаѓаме во нејзината емисија. Сите расправии тогаш паѓаат во вода. Тоа сме ние, значи тоа и ни треба“ – нагласува Калиниќ.
„Кој сум јас да се лутам? Дали е таа најгледана? Дали тоа го сака народот? Ако така, кој сум јас да кажам нешто, ќе молчам и толку“.
Тогаш Јована изјави дека Милан сака жени исто како неа, а нејзината изјава актерот ја искоментира во една друга емисија.
„Јована Јеремиќ рече дека сакам и ме привлекуваат жени како неа?“ -со насмевка праша Калиниќ и додаде:
„Да, Јована Јеремиќ е апсолутно во право. Конечно, една жена го разбира мојот вкус. и јавно го искажува. Сега жени знаете какви жени треба да ми пријдат“.
Набргу по коментарите на Милан Калиниќ одново проговори и Јована Јеремиќ.
„Секогаш знаев добро да читам меѓу редови. И секогаш ми се допаѓаа русокоси мажи, па… Калиниќ, никогаш не се знае?! Животот е долг. Тоа што му се допаѓам значи дека Калиниќ има добар вкус. Бескрајно ми е фин“ – изјави Јована за Блиц.
Фото; Инстаграм/jeremicjovana/kalinic.milan72