Радио Милева

Каков татко, таков син: Даниел Кајмакоски ги стопи обожавателите со фотографија од синот!

Каков татко, таков син: Даниел Кајмакоски ги стопи обожавателите со фотографија од синот!

Поп-пејачот Даниел Кајмакоски пред неколку месеци се реализираше во улогата на татко, која толку многу ја посакуваше, па му се случи.

Сега, откако ја има најголемата среќа во животот, Даниел е концентриран на семејството, а пак музиката, барем засега ја стави во втор план.

Неговите обожаватели се почесто знаат да му напишат дека е време да промовира нешто ново на музички план, но на Даниел сепак се уште најубаво и најтопло во срцето му е кога дома, му свири на синот на гитара и му пее.

Деновиве објави фотографија на која ја држи гитарата во рацете и неговото синче, кое од мали нозе покажа дека знае како се држи вратот на гитарата.

„Каков татко таков син“, „Има од кого да учи“, „Си доби наследник“, „Неодоливи“… гласат само мал дел од коментарите за оваа прекрасна фотографија снимена во домот на пејачот.

To top