Во Љубљана, Словенија во киното Синеплекс се распосла црвен килим за премиерата на словенечката комедија „Nekaj Sladkega“ или во превод „ „Нешто слатко“.
Главни ѕвезди беа нашите актери Сашко Коцев и Јелена Јованова кои беа двојка на филмското платно, како и на црвениот клим.
Двајцата се појавија во елегантно издание, тој со црн костум, а таа во елегантнни пантлнони и црн корсет со прерамки.
View this post on Instagram
Режисер на филмот се телевизиската ѕвезда Тин Водопивец.
Коцев е копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска.
Станува збор за филм за човековата прва и последна шанса во животот. Неговиот лик е светски познат маркетер од Македонија, Аце, кој треба да стигне на еден настан во Словенија, но никако да стигне.
Јованова ја глуми Каја, Хрватка која кратко време живее и работи во Љубљана.
Сашко во ова филмско остварување има и улога на копродуцент и како косценарист.
Инаку, во филмот се појавува и македонскиот актер Александар Микиќ.
фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб