Радио Милева Најсреќна

Како во Дизниленд: Милена Антовска и приреди незаборавен 5-ти роденден на ќеркичката Лана Марија (фото)

Како во Дизниленд: Милена Антовска и приреди незаборавен 5-ти роденден на ќеркичката Лана Марија (фото)

Пред пет години на големиот хистијански празник Успение на Пресвета Богородица, ТВ водителката Милена Антовска Станковска стана мајка по вторпат и на свет ја донесе својата прва најголема љубов, малата, а сега веќе порасната Лана Марија.

По повод овој голем ден, Милена и нејзниот сопруг Гордан на отворено организираа роденденска прослава за нивната наследничка.

Темата беше Мини Маус, од реквизитите до тортата, а се собраа многу гости, а најдраги и најзабавни секако беа најмалите, потоа нивните семејства, соседи и сл.

За славеничката и дечињата гости да бидат среќни, насмени и задоволни, имаше забавен дел за сите, но најмногу вниманието им го задржа актерот Кирил Трајковски – Максим кој се погрижи за анимацијата.

Мама Милена во описот за многуте објавени фотографии напиша:

-Лана Марија вчера наполни 5 години и веќе мисли дека е многу голема. Да ни е жива и здрава и да не радува и секако да не нервира цел живот.

Не дека е моја, не дека е наша ама има зошто е родена на еден од најубавите празници, Успение на Пресвета Богородица. Те сакаме!, пишува мама.

Среќен роденден Лана Марија и уште поголема да пораснеш!

фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска

To top