Во медиумите деновиве е актуелна веста за наводната врска на пејачката Емина Јаховиќ со турскиот милионер Садетин Саран, а малку кој зборува за нејзиниот прв сопруг.
Таа беше мажена за извесен Аладин од Нови Пазар, пред да се омажи за турскиот пејач Мустафа Сандал.
Емина побегнала од дома на 17 години за да се омажи за Аладин. Поранешниот свекор Рустем раскажува деја пејачката тогаш побегнала од дома поради неговиот син Аладин, меѓутоа бракот не потрајал.
-Тоа беше детска врска, љубовна, која беше официјализирана. Бевме деца, јас 17, тој 20 години. Тоа денес не би се нарекла врска, но бидејќи живеев во Нови Пазар така се случи, вели Емина во една прилика.
Аладин не се огласуваше во медиумите, а во продолжение може да видите дека тој е атрактивен господин.
Потсетуваме, Емина на 15-ти февруари објави дека се разведува од сопругот Мустафа Сандал, а деновиве излезе информација дека има нова љубовна врска со милионерот Садетин.