Естрадната двојка Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ доживеале страшно искуство откако слетале на аеродром во Германија, каде биле ангажирани да настапат.
Менаџерот, кој ги возел до Франкфурт, наводно ги довел во животна опасност поради неисправниот автомобил во кој се возеле тројцата, пренесува српски „Скандал“.
-Кога застанале на еден семафор, автомобилот почнал да бучи под хаубата, па пламнал оган висок два метри! Се случувало многу брзо, како како филм! Причината бил дотокот на горивото до моторот, а за да биде уште полошо во багажот на автомобилот имало и плинска боца која под притисок експлодирала – раскажува извор за споменатиот медиум додавајќи дека автомобилот експлодирал кога се оддалечиле од него.
-Кога се смирило, Рада и Харис донале дека автомобилот немал технички преглед, како ниту сервис, а до експлозијата дошло поради вина на менаџерот, но не му забележале. Им било важно дека ги сочувале главите, открива изворот.