Сестрата на Алка Вуица не е премногу експонирана во јавноста, но е и многу блиска со пејачката која обожава да поминува време со неа.
Тамара Вуица, мажена Меџиќ, е заносна русокоса, а многумина ја коментираат неверојатната сличност со Алка.
Иако не сака да се појавува и да биде под лупата на јавноста, Тамара се „појави“ на „Инстаграм“ кај Алка, каде беше објавена нивната заедничка фотографија.
Имено, тие двете го прославија роденденот на Тамара минатата година во Умаг и по тој повод ја споделија споменатата фотографија, која предизвика ентузијазам кај сите следбеници. Коментарите не престанаа да доаѓаат, бидејќи двете дами ги маѓепсаа сите.
фото: Инстаграм принтскрин