Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за нјуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.
Веќе 10 сезони секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.
Овој пат, таа направи преседан и се појави како гостинка на домашен терен во утринското шоу „Магазин“ во нејзината матична Сител телевизија. Водителката која поставува прашања овој пат не беше Лила туку Јелена, а токму оваа позиција од другата страна и беше необична на Лила. Теми за разговор имаше многу, од приватноста, патувањата, синот Филип, мачорот Рагнар, разговор со колегата и пријател Спасе Јовановски и сл.
Меѓудругото, Лила проговори и за банкарот, односно дека не би било интересно ако го открие неговиот идентитет, но појасни дека тој е вистински, а не измислен лик, а исто така е многу интелигентен и духовит човек кој редовно ја засмејува и има познавања од многу области.
Екипата на „Магазин“ направи и анкета меѓу граѓаните со прашања кои беа упатени до Лила: „Како јадеш со таа уста?“, „Како да станам популарен?“, „Која е следната дестинација каде ќе патуваш?“, беа само дел од парашањата до Лила кои едни ги очекуваше, но некои не, особено она за устата, како и коментарот дека се здебелила во струкот.
-Како треба да јадам со устата? Дајте еве нешто да пробам. Не знам што не е во ред, видете имам баш убава уста – кажа Лила.
Дополни и дека пандемијата со коронавирусот и ги скратила крилата кога се патувањата во парашање, но следна дестинација која сака да ја посети е Јапонија.
Јелена и Лила имаа многу за разговор, а на крајот на Лила не и беше доволно, па посака следниот ден повторно да им дојде на колегите на гости.
Многу повеќе детали од разговорот дознајте од видеото во продолжение:
Фото: Шоу магазин/Јутјуб и Фејсбук принтскрин