Актерот Бранислав Лечиќ – Лека има три деца. Ана и Иван се негови деца од првиот брак кои ги добил со тогашната сопруга Ивана, додека во вториот брак со Нина, Лечиќ го има синот Лав.
Убавата Ана, не сака да се експонира во јавноста како ќерка на легендарниот актер, но затоа е среќна кога споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи.
Во едно од нејзините ретки интервјуа, Ана Лечиќ рече дека не се сеќава кога последен пат гледала филм во кој глуми таткако и дека никогаш не сакала јавно да истакнува дека е ќерка на славниот српски актер.
Пред неколку години, Ана се појави во видеото на поранешниот учесник на “X Фактор”, Илија Михајловиќ, преку социјалните мрежи често знае да почести со атрактивни фотографии.
Инаку таа студира на факултетот за современа уметност во белград, откако Лечиќ наводно немал можност да и ги плати трошоците за студиите на универзитетот во Њујорк на отсекот глума, кои изнесувале околу 20.000 евра годишно!