Македонската водителка и пејачка Адријана Алачки ужива во своите професионални ангамажни и во своите обврски, а со тоа ужива и во сите активности кои произлегуваат од нејзината професија.
Алачаки ја промовира традицијата на македонската храна во Македонија и во светот. Па често, може да ја видиме како отпатувала некаде надвор од границите на дражавата.
Така деновиве Адријана присуствува на еден фестивал во Русија. Водителката ја искористи приликата освен за работните обврски да одвои време и за шетање и за дружење.
Така, преку социјалните мрежи таа ги информираше нејзините следебеници и пријатели за активностите.
Имено, таа на својот „Фејсбук“ сподели видео од дел од амтосферата на фестивалот на кој учествуваат повеќе држави.
Исто така, водителката сподели и фотографија од неа на плоштадот во Москва во ноќ, а под истата доби урнебесен коментар:
„Адријана си ја помрачила Москва од твојата убавина“ стои под фотографијата.
Веруваме дека Алачки ќе собере убави спомени од руската метропола, но и дека ќе оствари нови пријателства и соработки.