Радио Милева имиџ за во затвор

„Како да има пелена“: Ким Кардашијан мета на потсмев поради комбинезонот кој носеше во Милано (фото)

„Како да има пелена“: Ким Кардашијан мета на потсмев поради комбинезонот кој носеше во Милано (фото)

Ким Кардашијан била исмејувана од нејзиниот поранешен сопруг Каније Вест и нејзината сестра Кендал Џенер за облеката што ја носела во Милано.

Кардашијан го носела гломазниот комплет со портокалова нијанса, заедно со гумени ракавици, како дел од низата Прада комбинации за време на патувањето со Кендал.

Ким ѝ се придружила на нејзината сестра модел и ја придружувала на нејзината прва модна ревија за Прада во Милано, што беше прикажано во овонеделната епизода на Keeping Up with the Kardashians.

Во шоуто, нејзината облека за првпат била исмејувана од нејзините сестри за време на еден разговор во хотелската соба на Кендал.

„Изгледа како да имаш пелена“, рекла Кендал за ова издание.

Подоцна во програмата, Ким се подготвувала за состанок во Милано кога добила порака од Каније во која се споменува нејзината облека.

„Портокаловата облека навистина ме налути“, вели Каније во пораката, додавајќи: „Попрво би одел во затвор отколку да излезам во тоа“.

фото:Instagram/twitter

To top