Иако е во шестата деценија од животот, холивудската актерка Хали Бери веќе со децении важи за една од најсексапилните жени.
Славната актерка е редовен корисник на социјалните мрежи каде постојано воодушевува со својата фит форма, но сега е видена во сосема поинакво светло кое ги шокираше сите.
Имено, убавицата моментално го снима филмот “Bruised” во кој го толкува ликот на ММА натпреварувачката Џеки Џастис, а за потребите на филмот се прошета во издание во какво сè уште не сме имале прилика да ја видиме.
Во стари тренирки, со долга коса во суканици и лице со модрици, Хали изненади со својата уверлива маска на спортистка која се обидува да се врати во некогашната форма.
Фотографиите докажуваат дека дури и оваа прекрасна дама, кога има филмска шминка и носи нималку гламурозна облека, може да биде непрепознатлива.